Девет неверојатни факти за вселената




Вселената е убаво и мистериозно место. Запознаете ја подобро со овие факти:


1. Во нашиот сончев систем има 5 џуџести планети: Плутон, Церера, Ерида, Макемаке и Хаумеја.



2. Иако Сатурн е втора планета по големина во нашиот сончев систем, таа е најсветла.



3. Халеевата комета е откриена во 1705 од Едмонд Хали, а за последен пат е видена во 1986. Таа нема да се појави во орбитата на Земјата се до 2061. 


4. Стапките оставени од астронаутите на месечината ќе останат засекогаш, бидејќи на месечината нема атмосфера. 



5. За 3,5 милијарда години Млечниот Пат и галаксијата Андромеда ќе се судрат и ќе формираат голема галаксија. 



6. Оската на планетата Уран е наведната за 98 степени. Не се знае точно причината за оваа аномалија, но се претпоставува дека е последица од судир со џиновски метеорит.


7. Квазарите се извори на електромагнетска радијација што биле откриени во 1960-те години. Тие би можеле да бидат јадра на нови галаксии или пак центар на црна дупка.


8. Масата на една црна дупка е неколкупати поголема од Сонцето, но нејзиниот пречник е само неколку километри.



9. Јупитер испушта радиобранови што може да се откријат со домашен радиоприемник на модулирана фрекфенција.


Топ:

Контакт

Маркетинг

Услови за користење