Почина Стивен Хокинг на 76-годишна возраст




  Светски познатиот физичар, Стивен Хокинг мирно почина во неговиот дом во Кембриџ. Тој е познат по неговите истражувања за црните дупки и релативноста. Исто така тој напиша повеќе книги меѓу кои се: Кратка историја на времето, Универзумот во мало, Изгубени информации во црните дупки.



На 22 години на Хокинг му беше дијагностицирана амиотрофична латерална склероза. Лекарите очекуваа да живее уште само 2 години.


Неговите деца денес ја соопштија жалната вест: ,, Длабоко сме тажни штo нашиот сакан татко денес почина.  Тој беше голем научник и неверојатен човек, чија работа и наследство ќе живеат многу години. ’  


 






Топ:

Контакт

Маркетинг

Услови за користење