Неделен хороскоп (19.3- 25.3)




Водолиите да побараат совет од постарите, a во животот на Јарците ќе се случат големи промени...

Прочитајте го вашиот неделен хорсокоп:


Овен

Оваа недела добро би ви делувал некој спорт. Секоја непријатна и лоша ситуација решавајте ја со добрина и насмевка. Ќе бидете поставени во позиција каде ќе можете да се докажете како  лидер и да ги покажете вашите способности.

Среќен ден: Петок

 

Бик

Потрудете се да ги избегнувате конфликтите и се ќе биде во ред. Исто така оваа недела е добро време за да ја истражете историјата на вашата фамилија, наследство и потекло. Обновете ги изгубените контакти и посетете ги вашите роднини.

Среќен ден: Недела

 

Близнаци

Оваа недела, вие  лесно ќе формирате нови контакти и пријателства. Но, доколу имате конфликт со некој близок, покажете големо трпение и наскоро се ќе биде во ред.

Среќен ден: Вторник

 

Рак

Избегнувајте озборување и бидете внимателни да не бидете погрешно разбрани. Размислете два пати пред да стапите во бизнис со роднини и пријатели. Верувајте во себе и вашите соништа.

Среќен ден: Сабота



Лав

Оваа недела ќе имате мали недоразбирања со членовите на вашата фамилија, затоа треба да бидете поискрени и да им ги кажете вашите проблеми и мислења. Исто така, овие денови вие ќе имате одлично здравје.

Среќен ден: Среда

 

Девица

Не се плашете да ризикувате во областа на бизнисот и инвестиците. Вие сте на вистинскиот пат! Оваа недела слободните девици ќе ја пронајдат љубовта, а за оние што се во врска ова е добро време за брак.

Среќен ден: Сабота

 

Вага

Вие ќе направите огромен успех во кариерата,  не дозволувајте да ве спречат партнерите или пак роднините. Оваа недела вие земете ја контролата на вашиот живот и играјте по ваши правила!

Среќен ден: Четврток

 

Шкорпија

Оваа недела дозволете си добро заслужен одмор. Посетете некое ново место или пак најдете спокој во сопствениот дом. На овој начин ќе се смирите, ќе ги расчистите ваште мисли и ќе ги преиспитате вашите мотиви.

Среќен ден: Четврток

 

Стрелец

Доколку оваа недела сте нерасположени или пак имате проблеми, не се обесхрабрувајте. Во животот не е ништо фиксирано и не трае засекогаш. Овие денови се добри за да научите некоја нова вештина или пак за да ја усовршите постоечката.

Среќен ден: Сабота


 


Јарец

Оваа недела ќе се случат промени во вашиот живот. Треба да бидете смирени и да не избрзувате во вашите одлуки. Вашиот живот ќе се подобри на љубовно поле, ќе пронајдете љубов на сосема неочекувано место.

Среќен ден: Понеделник

 

Водолија

Доколку имате проблеми советувајте се со поискусните од вас, a ќе ви биде добредојдена и помош од пријатели. Бидете трпеливи и попуштајте во конфликтите, доколку не сакате да ги изгубите луѓето што ги сакате. Дружете се со луѓе со кои имате слични интереси.

Среќен ден: Недела

 

Риби

Оваа недела, за Рибите е добра за патување и истражување на нови места. Доколку вие не сте во добар однос со некоја личност, време е да го дискутирате и да го разрешите вашиот проблем. Здравјето ќе ви биде во најдобра состојба.

Среќен ден: Четврток

Топ:

loading...

Контакт

Маркетинг

Услови за користење