Пронајдена античка мрежа на градови на Маите под џунглите во Гватемала




Огромна, поврзана мрежа на градови, која била дом на повеќе од милион луѓе беше пронајдена под џунглите во Гватемала. Ова ново откритие е направено со помош на револуционерната технологија LiDAR (скратено за Light Detection And Ranging). Со овој проект се одбележани повеќе од 2100km2 во регионот Петен, Гватемала. 



Резултатите покажуваат дека на територијата на Централна Америка постоела напредна цивилизација, во нејзин подем пред 1200 години. Сликите направени од LiDAR покажуваат долги патишта кои ги поврзувале градските центри и каменоломите. Исто така се забележани комплексни системи за наводнување, од кои се снабдувале со вода земојоделските поседи. 



Човековото око гледа гледа само порасната џунгла, но софтверот на LiDAR покажува античка пирамида на Маите.



Ова е најголемото документирање на античката цивилизација на Маите до сега. Сега сме чекор понапред кон разоткривање на мистериите на овој древен народ.

Топ:

Контакт

Маркетинг

Услови за користење