Како лесно да ги пронајдете најважните ѕвезди на небото?




   Луѓето уште од далечното минато го проучувале ноќното небо и биле воодушевени од хармонијата и убавината на вселената. Со помош на ѕвездите човечкиот народ се ориентирал во просторот, ги препознавал годишните времиња, деновите во годината и сезоните погодни за земјоделство. 




Орион е соѕвездие кое најлесно можеме да го забележиме на ноќното небо. Во северната хемисфера е најсветло и лесно препознатливо во зима, односно од ноември до февруари. Исто така Орион може да се користи како референтна точка за пронаоѓање на другите соѕвездија. Ова соѕвездие го добило името по легендарниот ловец од грчката митологија. Ѕвездите Бетелгез и Белатрикс ги претставуваат рамењата, а Минтака, Алнилам и Алнитак го формираат појасот. Нозете на ловецот се прикажани преку Саиф и Ригел.




Бик (Taurus): Линија низ појасот на Орион води до соѕвездието Бик, каде што три ѕвезди, Хијадите ја формираат главата на бикот. Ако и понатаму ја следите истата линија, ќе можете да ги видете Плејадите или Седумте сестри.




Големо куче (Canis Major): Ова соѕвездие се претставува како едно од кучињата што го следат ловецот. Во Canis Major се наоѓа ѕвездата Сириус, исто така позната како Кучешка Ѕвезда. Сириус е најсветла ѕвезда на ноќното небо со привидна величина од -1,47.


Мало куче (Canis Minor): Ова соѕвездие е составено од една бела ѕвезда, Прокион и светло сина ѕвезда Gomeisa. Прокион е осма по светлост на ноќното небо. Оваа ѕвезда се јавува на небото еден час порано од Сириус и затоа била позната како ѕвезда што се јавува пред кучето. Зимскиот триаголник е формиран од ѕвездите Бетелгез, Сирус и Прокион.

Топ:

Контакт

Маркетинг

Услови за користење