Најчудните планети откриени до сега




Потрагата по планети, ѕвезди и живот ги доведе научниците до навистина неверојатни откритија за универзумот. 


Погледнете ги најчудните планети откриени до сега:


J1407b

J1407b, исто позната како Супер Сатурн е како една голема оптичка илузија. Планетата е оддалечена 434 светлосни години од нас и нејзината маса е 40 пати поголема од онаа на Јупитер. Ја опкружуваат 37 прстени, кои се долги 120 милиони километри, што е 200 пати поголемо од прстените на Сатурн.


TrES-2b

Овој гасовит џин е познат како TrES-2b и е најтемната планета откриена до сега. TrES-2b орбитира околу ѕвезда од која е оддалечена само 5 милиони километри, a и покрај тоа планетата е црна и не рефлектира светлина. 


WASP-12b

WASP-12b е најжешката планета откриена до сега, со просечна температура од 2250 целзиусови степени. Високата температура се должи на екстремно малата оддалеченост на планетата од нејзината ѕвезда односно 3 милиони километри. Оваа должина е 44 пати помала од оддалеченоста на Земјата од Сонцето.

Топ:

loading...

Контакт

Маркетинг

Услови за користење