Од кралицата на мистериите: Три романи од Агата Кристи за есенска разонода




    Ви ги предложуваме овие три романи за опуштање во врнежливите есенски денови:


1. Пајакова мрежа



   Клариса, жена на дипломат кој работи за надворешни работи, си замислува како едно утро се појавува во библиотеката и пронаоѓа мртво тело.

    Нејзината фантазија се претвора во реалност кога открива мртовец во своето ателје. Во очајничките обиди да реши се, таа своите гости настојува да ги претвори во соучесници на злосторството.


2. Кој ќе го фати бранот



   Неколку недели откако се оженил за привлечна, млада вдовица, Гордон Клоуд трагично загинува при бомбардирањето на Лондон. Буквално преку нок, вдовицата Андерхеј станува единствен наследник на огромното богатство на Клоуд. Набргу потоа, Херкул Поаро прима неочекуван посетител.


3. Азбучните убиства



   Фантастичен роман за сериски убиец кој, испракајки му писма на познатиот детектив Херкул Поаро, му го најавува секое следно злосторство, убиецот се потпишува како Еј-Би-Си, а убиствата ги врши според азбучен ред, почнувајќи од местото Андовер и жртвата- госпоѓа Ашер.

Топ:

loading...

Контакт

Маркетинг

Услови за користење