Предлог книга: „Човекот од маглата“ од Донато Каризи




За следната недела ви ја предложуваме книгата „Човекот од маглата“ која е напишана од познатиот италијански писател на трилер романи Донато Каризи. Оваа книга се работи за возбудливата потрага по едно исчезнато девојче. Дали Фогел ќе го реши слушајот? 


Ноќта во која сѐ се промени засекогаш беше ладна и магличава, во гратчето скриено меѓу сенките на Алпите. Можеби токму поради таа магла автомобилот на специјалниот агент слета од патот. Тој е во шок – не се сеќава зошто е тука каде што е, ниту пак, како стасал дотаму. Сепак, едно е сигурно: требаше да биде на некое друго место, далеку одовде. 

Поминаа два месеца откако едно девојче исчезна во маглата. Два месеца откога Фогел се занимава со тој случај, кој стана медиусмска сензација. А, токму тоа е негова специјалност. Не знае ништо за ДНК анализите или пак откритијата на форензичарите, но во една работа е ненадминлив: знае како да манипулира со медиумите. Знае како да ги привлече камерите, да ги освои насловните страници на сите дневни весници. Тоа е негова игра, негов потпис. Тој е бескрупулозен човек, сигурен во своите методи, мајстор, поради кој злосторството го добива она што му припаѓа: освен разрешница, на секое злосторство и е потребна публика.



Топ:

loading...

Контакт

Маркетинг

Услови за користење