4 работи со кои ќе го намалите појавувањето на акни




 Спротивно на популарното верување, акните може да се задржат долго откако ќе завршите со средно училиште.  Бројот на возрасни луѓе со акни расте секоја година. Тоа е најчестиот проблем со кожата и се случува дури и ако мислите дека правите се како што треба.  Еве некои навики кои треба да ги поправите:


1. Не користите заштита од сонце

Вие мора да користите заштита од сончање. Покрај очигледниот ризик за рак на кожата,  УВ зраците се најголем фактор во забрзаното стареење на кожата. 


2. Се допирате постојано со рацете и ја притискате кожата

Допирањето на кожата не само што ќе ги влоши акните, но исто така може да предизвика во некои случаи лузни од акни. 



3. Не го чистите вашиот мобилен телефон

Освен ако не се шетате со безжични слушалки во ушите 24 часа на ден, најверојатно ќе го притиснете телефонот кон увото - а со тоа и на лицето. Вашиот екран на телефонот е во основа една голема колонија на бактерии со Wi-Fi конекција.


4. Прескокнување на хидратација

Независно од типот на кожата, крем (подобро, оној со SPF) е неопходен.


Топ:

Контакт

Маркетинг

Услови за користење