Пет легендарни суштества од Средниот Век




     Легендарните суштества како змејови и еднорози имаат посебно место во популарната култура на нашето време. Сликите на ужасни ѕверови што можеме да ги сретнеме во фантастичните книги и филмови се потпираат на описите на суштествата што се прикажани во средновековните дела. Средновековните суштества се изненадувачки разновидни во форма - некои од нив се животински хибриди, а некои хибриди од луѓе и животни. Погледнете ја листата на најфасцинантните фиктивни суштества:


1. Еднорог



Најмалку страшното митолошко суштество на оваа листа е еднорогот. Тој е традиционално опишан како бело коњче или животно како коза со долг спирален рог на челото. Еднорогот има моќ да лекува болест и да ја прочисти отруената вода. Еднорозите се мистично поврзани со млади жени. Средновековните писатели го поврзувале еднорогот со Христос. Неговиот единствен рог го означува единството на Бога.




2. Змејови



Змејовите се добро познати суштества од фолклорот и од различни митологии низ целиот свет, но нивните описи не се секогаш исти. Речиси секоја нација има своја верзија за тоа како изгледаат овие суштества и колку се заканувачки. Се верува дека крвта на змејот има магични својства. Во Европа, змејот обично се опишувал како големо суштество со огромни крилја, нозе и моќен опаш. Во старите приказни змејот се грижи и го брани замокот, пештерата или некои скриени богатства. Во легендите, индивидуалните змејови се поврзани со хероите кои се бореле со нив. Во античко време, змејовите обично биле прикажани како змии.


3. Басилиск



Басилиск значи "мал цар" на грчки (латинското име е Регулус). Ова легендарно суштество е крал на влекачите. Истиот е претставен како петел со опашка од змија. Басилискот се изведува од јајце од машка птица, а може да биде убиен само од ласица. Тој е исклучително отровен и смртоносен- може да убие други змии со својот мирис, и човек само со еден поглед.



4. Мантикори



Мантикорот е легендарно суштество од персиската митологија. Тој бил широко познат во средниот век, бидејќи бил опишан во книгата на Плиниј, која во тоа време била многу популарна. Мантикорот има тело на црвен лав со човечка глава. Има три реда заби, крилја на лилјак, и глас што е како звукот на труба. Негово најмоќно оружје е  неговата опашка.


5. Самовили



Самовилите се минијатурни суштества кои првично се појавиле во германскиот, англискиот, шкотскиот и исландскиот фолклор. Тие личат на минијатурни луѓе, а се пагански божества. За нив се верувало дека предизвикуваат болести, а и дека носат лоши соништа. Во ретки прилики, тие биле благонаклонети и спремни да им помогнат на луѓето. Перцепцијата на овие суштества еволуирала низ средновековното време. 



Топ:

loading...

Контакт

Маркетинг

Услови за користење